Проект реализиран по мерка, со внимателно одбрани природни материјали и современи технологии. Седечките клупи се изработени од липа, додека внатрешната облога е од финска смрека, создавајќи топол и природен амбиент.

Сауната е опремена со дигитална команда, амбиентално LED осветлување, како и фронтален стаклен панел во бронза, кој ѝ дава модерен и елегантен изглед. Посебен акцент е ставен на панелот од хималајска сол, кој дополнително го збогатува ентериерот.

Нов проект | Гостивар | Изработка по мерка