social image

Џакузи

Џакузи


Џакузи е бања со топла вода која е опремена со хидромасажни млазници што создаваат мешавина од вода и воздух за масажа на телото.

Терминот „џакузи“ е бренд име на компанијата која прва го популаризира овој тип на хидромасажна када, но денес е општоприфатен термин за сите вакви кади.

Карактеристики на џакузи


Хидромасажни млазници


Млазниците се поставени за насочена масажа на одредени делови од телото, како грбот, рамената или нозете

Капацитет


Може да биде индивидуално (за една или две лица) или групно (за четири или повеќе лица)

Дизајн


Достапни се модели за внатрешна и надворешна употреба, вклучувајќи луксузни опции со осветлување, звучни системи и филтри за вода

Температура на водата


Обично се загрева до 37-40°C, што создава опуштена и удобна средина

За што се користи џакузи?

  • Релаксација

    Топлата вода и масажата го опуштаат телото и го намалуваат стресот.

  • Терапевтски цели

    Хидротерапијата се користи за намалување на болки во мускулите, зглобовите и подобрување на циркулацијата

  • Забава и социјализација

    Надворешните џакузи се идеални за дружење со пријатели и семејството

  • Подобрување на сонот

    Престојот во топла вода го намалува стресот и помага за подобар сон

бенефити

  • Физичко здравје

    • Подобрување на циркулацијата:Топлата вода ги проширува крвните садови, што овозможува подобар проток на крвта
    • Ослободување од болка: Хидромасажата ги намалува болките во мускулите, зглобовите и грбот
    • Поддршка за артритис: Масажата и топлината помагаат за намалување на вкочанетост и воспаление
  • Ментално здравје

    • Намалување на стрес:Комбинацијата на топла вода и масажа го релаксира умот и телото
    • Подобрување на расположението: Опуштањето во џакузи помага за намалување на анксиозноста
  • Рекреација

    Џакузи е идеален за создавање на домашна спа атмосфера и е совршен додаток за дворови или луксузни бањи

  • Подобрување на кожата

    Високата температура на водата и зголемениот проток на крв помагаат за детоксикација и чистење на порите

Нашите производи

Закажи бесплатна консултација


Нашата мисија е да донесеме парче луксуз и здравје во секој дом, хотел или спа центар. Препознатливи сме по употребата на најквалитетни природни материјали, како и по прецизноста и деталноста во секој проект.

Закажи консултација